Комерцијална банка доби награди од ЕБОР

29

komercijalna-banka-logo

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) по 12-ти и 11-ти пат ја награди Комерцијална банка, како најактивен учесник во ЕБОР ТФП – Trade facilitation program за унапредување на меѓународната трговија во глобални рамки, стои во соопштението.

award1

Наградата се доделува една годишна, а на шести овој месец на Комерцијална банка и на Секторот за односи со странство им беа врачени наградите за 2014 и 2015 година. Наградата се однесува на обемот и квалитетот на издадени акредитиви и гаранции со цел поддршка на надворешната трговија и претставува уште еден поттик за вработените и потврда за комитентите дека банката и во меѓународни рамки останува една од најтранспарентните и најреномирани банки во Македонија.

award2