Комерцијална банка добитник на награда од светскиот магазин Global Finance

25

komercijalna-banka

Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата Најдобар давател на услуги од областа на девизното работење во Македонија за 2017 година, стои во соопштението.

Ова е трето признание за успешното девизно работење на Комерцијална банка доделено од Global Finance.

Изборот на најдобри даватели на услуги во областа на девизното работење е направен врз основа на неколку критериуми кои вклучуваат: големина на трансакција, удел на пазар, обем на глобална покриеност, услуги на клиенти, конкурентни цени и иновативни технологии.

Прогласувањето на Банката за Најдобар давател на услуги од областа на девизното работење е уште една потврда за високиот квалитет на услугите кои Комерцијална банка ги нуди и потврда на лидерската позиција на Банката во областа на девизното работење.