Комерцијална банка добитник на Супербренд за 2015 – 2016

19

komercijalna banka

Комерцијална банка АД Скопје е добитник на супербренд сертификатот за 2015 – 2016 година во Република Македонија, се вели во соопштението на банката.

Сертификатот, како што се наведува, е доделен согласно одлуката на стручен совет составен од претставници на маркетинг индустријата, академската заедница, медиумите, Стопанската комора на РМ и сопственици на препознатливи и докажани брендови.

“Напорите на Банката да создаде бренд кој создава емотивна врска со своите клиенти и кој е препознатлив, резултираа со идеја и концепт во перцепцијата на граѓаните за постојаност, квалитет и одговорност. Изборот на Банката за Супербренд на Македонија за 2015/16 година е уште една потврда за успехот на нашата Банка и стремежот да бидеме прв избор на банка за клиентите кои и понатаму може да очекуваат високо ниво на услуга и нови производи креирани согласно нивните потреби“, се вели во соопштението на банката.