Комерцијална банка донираше храна за 40 семејства

25

komercijalna banka logo

Вработените на Комерцијална банка ги одбележаа Светскиот ден на храната и Светскиот ден за намалување на сиромаштијата преку донација на храна за социјално незгрижени семејства.

Во соработка со Македонската платформа против сиромаштија (МППС), вработените од Комерцијална банка АД Скопје донираната храна ја распределуваат на семејства кои се борат со сиромаштијата.

“Со собраната храна од минатата година им помогнавме на 30 семејства низ Републиката, семејства кои немаат соодветни услови и можност за квалитетен оброк во текот на еден месец. За жал оваа година бројот на семејства кои тешко преживуваат и имаат потреба од храна се зголемува, па затоа планирано е собраната количина на храна да се подели на 40 семејства“, велат од Комерцијална банка.

“Ова е можност заедно да испратиме силна порака кон луѓето за сочувство и хуманост во борбата за искоренување на гладта и сиромаштијата што постои во голем дел од светот, но и во нашата земја“, порачуваат од МППС.