Комерцијална банка: Експозитурата Маџари нема да работи во петок и сабота

34

komercijalna-banka-logo

Експозитурата Маџари на Комерцијална банка нема да работи денеска и утре, поради изведување на градежни работи.

Поради тоа, најблиската експозитура на банката – Ченто ќе работи во петок на 13 јануари со продолжено работно време од 7:30 до 18:00 часот и во сабота на 14 јануари од 08:00 до 13:00 часот.

За дополнителни информации и поддршка може да се обратите на телефонскиот број: 02/3168-770.