Комерцијална банка ги намалува каматните стапки на дел од орочените денарски штедни влогови

29

komercijalna-banka-580x387

Почнувајќи од први јануари оваа година, Комерцијална банка изврши намалување на каматните стапки на дел од орочените денарски штедни влогови.

Намалувањето ги опфаќа орочените денарски штедни влогови на три месеци за 0,1 процентен поен, на шест месеци за 0,2 процентни поени, додека кај каматните стапки за рочностите на 12, 24 и 36 месеци Банката ќе изврши намалување за по 0,30 проценти поени.