Комерцијална банка ги намалува пасивните каматни стапки на правните и физичките лица

20

komercijalna banka logo

Почнувајќи од први овој месец, Комерцијална банка ќе изврши намалување на пасивните каматни стапки на правните лица и на население, се вели во соопштението на банката.

Намалувањето на пасивните каматни стапки кај правните лица е кај: денарски и девизни депозити по видување и тековни сметки за 0,01 процентни поени (п.п.), орочените денарски депозити и орочените денарски депозити на пензиски и инвестициски фондови, друштва за управување со пензиски фондови и друштва за управување со инвестициски фондови од 0,03 п.п до 0,7 п.п..

Кај физичките лица намалување на пасивите каматни стапки има кај: позитивние салда на трансакциски тековни сметки за 0,01 п.п., денарски штедни влогови и штедни влогови во евра (по видување и орочени) од 0,01 п.п. до 0,60 п.п., девизни штедни влогови (по видување и орочени) во USD, AUD, GBP, CAD од 0,01 п.п до 0,10 п.п. и кај девизни штедни влогови ( по видување и орочени) во останати валит од 0,1 п.п. до 0,79 п.п..