Комерцијална банка ги усогласи каматните стапки со новата законска казнена каматна стапка

18

komercijalna-banka

Почнувајќи од први јули, со цел усогласување со новата законска казнена каматна стапка за обврски во девизи, Комерцијална банка изврши намалување на каматните стапки на искористениот лимит на кредитните картички со девизни сметки, како и на каматните стапки на дел од кредитите за физички лица со девизна клаузула од 0,05 до 0,1 процентни поени, стои во соопштението.

Со цел усогласување со новата законска казнена каматна стапка за обврски во денари, како што се наведува, беше извршено зголемување на каматните стапки на дозволеното пречекорување на трансакциски сметки, како и на искористениот лимит на кредитни картички со денарски сметки од 0,4 до 0,75 процентни поени.