Комерцијална банка го продолжи промотивниот период за станбен кредит со ЕУР клаузула

24

komercijalna banka

Комерцијална банка го продолжува промотивниот период до 30.09.2016 година за станбениот кредит со ЕУР клаузула, стои во соопштението на банката.

Кај овие кредити годишната фиксна каматна стапка во првите три години е 2,9%, а 6,85% годишна променлива камата за остаток на периодот на отплата на кредитот.

Овој кредит, како што се наведува, е без надомест за одобрување и администрирање и без трошоци за проценка во промотивниот период до 30-ти септември. За одобрените станбени кредити наменети за рефинансирање на постоечки станбени кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплаќа надомест согласно актите на банката.