Комерцијална банка го продолжува промотивниот период за потрошувачки и станбени кредити

19

komercijalna-banka

Комерцијална банка го продолжува промотивниот период за потрошувачки и станбени кредити со девизна и денарска клаузула, а во исто време воведува и готовински кредит за пензионери.

Готовински кредит за пензионери Плус до 500.000 денари, со каматна стапка од 7,9% годишна променлива и рок на отплата до пет години. Овој кредит е наменет за пензионери кои примаат пензија на сметка на Комерцијална банка и ги исполниле условите за старосна пензија согласно законските прописи.

Комерцијална банка го продолжува промотивниот период за сите новоодобрени станбени кредити со ЕУР клаузула до 31.03.2017 година. Во тој промотивен период за сите новоодобрени станбените кредити со ЕУР клаузула, надоместот за одобрување и администрирање на кредит и трошокот за проценка ќе изнесува 0 денари. За одобрени станбени кредити наменети за рефинансирање на постоечки станбени кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката.

До 31-ви март, банката го продолжува и промотивниот период за сите новоодобрени потрошувачки кредити. Без надомест за одобрување и администрирање на сите новоодобрени потрошувачки кредити со ЕУР клаузула во промотивниот период до 31.03.2017. За одобрен потрошувачки кредит наменет за рефинансирање на постоечки потрошувачки кредити во банката, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката.

Исто така, продолжува промотивниот период за денарски станбен кредит до 31.03.2017 година, во којшто банката ќе одобрува денарски станбен кредит со каматни стапки од 4,5% фиксна годишна за три години и 6,5% променлива годишна потоа. Без надомест за одобрување и администрирање и без трошоци за проценка на сите новоодбрени денарски станбени кредити во промотивниот период до 31.03.2017. За одобрени станбени кредити наменети за рефинансирање на постоечки станбени кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката.