Комерцијална банка го зголемува нивото на сигурност за корисниците

47

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите корисници дека почнувајќи од 15.10.2018, за користење на електронско банкарство и системот за работа со хартии од вредност на банката ќе можат да пристапат само од следните верзии на веб пребарувачи:

  • Google Chrome верзија 30 или повисока,
  • Internet Explorer верзија 11, Edge,
  • Mozilla Firefox верзија 31.3 или повисока.

Строго се препорачува да се избегнува користењето на Мicrosoft Windows XP оперативен систем.

Горенаведените промени се неопходни заради обезбедување повисоко ниво на сигурност (ќе биде поддржано исклучиво поврзување со користење на ТLSv1.2 и повисоки верзии на TLS).