Комерцијална банка ја додаде руската рубља на девизната курсна листа

44

komercijalna banka

Националната валута на Русија – рубља (RUB), од петти овој месец, е додадена на девизната курсна листа на Комерцијална банка.

Со ова, како што се наведува, се овозможува извршување на безготовински трансакции во руски рубљи на девизниот пазар.

Од Комерцијална банка потенцираат дека нема да вршат трансакции со готовина во рубљи.