Комерцијална банка ја намалува каматата на станбениот денарски кредит

32

komercijalna-banka-logo

Комерцијална банка ја намалува каматната стапка на станбениот денарски кредит за купување или изградба на недвижен имот, а исто така ќе се намалуваат и пасивните каматни стапки на дел од орочените депозити на правни лица и на население, соопштуваат од банката.

Почнувајќи од 01.04.2017 година, Комерцијална банка ќе изврши намалување на каматната стапка на станбениот денарски кредит за купување или изградба на недвижен имот од 8,5% на 8% годишна променлива. Со намалувањето ќе бидат опфатени сите постоечки станбени денарски кредити кои досега имаа годишна каматна стапка од 8,5%.

Исто така, од 01.04.2017 година Комерцијална банка АД Скопје ќе изврши намалување на пасивните каматни стапки на орочени депозити на правни и физички лица.

На орочените денарски депозити и орочените денарски депозити на пензиски и инвестициски фондови, друштва за управување со пензиски фондови и друштва за управување со инвестициски фондови од 0,01 до 0,4 процентни поени. На дел од орочените денарски штедни влогови од 0,01 до 0,50 процентни поени и на орочените штедни влогови во EUR на 12, 24 и 36 месеци  од 0,05 до 0,10 процентни поени.