Комерцијална банка ја продолжува соработката со Црвениот крст

19

komercijalna-banka

Комерцијална банка АД Скопје седум години во континуитет има плодна соработка со Црвениот крст на Република Македонија со вклучување во реализацијата на проектот Подобра социјализација на децата и младите со посебни потреби како генерален покровител, стои во соопштението на банката.

Со проектните активности, како што се наведува, ќе бидат опфатени околу 340 деца со посебни потреби. Во имплементација на активностите ќе бидат вклучени волонтери од клубовите на млади од Црвен крст на град Скопје и седум општински организации на Црвениот крст од Прилеп, Велес, Кавадарци, Дебар, Делчево, Кичево и Гостивар, како и стручни лица од центрите за социјална работа и дневните центри за деца со посебни потреби од овие градови.

“Со поддршката на овој проект, како и до сега, ќе им овозможивме на децата и младинците со посебни потреби развивање на здравиот дух и креативниот капацитет; поттикнување сочувство, емпатија и солидарност кај населението и институциите; дополнителна едукација и поддршка на семејствата, дефинирање на акциони планови за идни активности итн. Ова претставува мисија и заеднички напор на сите поддржувачи на решавањето на општествените проблеми во земјата“, стои подолу во соопштението на Комерцијална банка.