Комерцијална банка меѓу најдобрите според ЈИЕ ТОП 100

27

komercijalna banka logo

Независниот светски провајдер на бизнис вести SeeNews е издавач на годишникот ЈИЕ ТОП 100 кој ги рангираше најголемите компании во 2014 година.

Според пласманот на ЈИЕ 100 банки, три македонски банки се искачија на врвот. Најдобро пласирана е Комерцијална банка АД Скопје со реден број 50, потоа следуваат Стопанска банка АД Скопје на 54-то место и НЛБ Тутунска банка на 61-во место.

ЈИЕ ТОП 100 осма година по ред ги рангира најголемите компании во Југоисточна Европа со вкупен приход за фискалната година која завршува на 31 декември 2014 година.

Пласманот ги рангира нефинансиските друштва регистрирани во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија,Србија и Словенија.

Податоците кои се користат се преземени од националните комерцијални регистри, берзи, владини и корпоративни сајтови, регулаторни тела во одделни индустрии и самите компании. Првичната група на компании надминува 1.200.

Македонија има само еден претставник во компании во ЈИЕ ТОП 100 пласман, а тоа е локалната единица на компанијата за специјални хемиски производи Џонсон Мети од Велика Британија рангирана со број 32, што е за 30 места погоре од претходната година.