Комерцијална банка: Нова промоција и поволности со Visa деловните картички

22

komercijalna banka logo

Досегашните поволности кои ги нудат Visa деловните картички, како едноставно плаќање на службените трошоци, без провизија, секаде во светот; следење на сметката и на трошењето по корисници преку услугата Интернет банка и SMS банкарство; ниски провизии и надоместоци за користење на картичките; можност за издавање на неограничен број картички во рамките на Вашата компанија и др., отсега ќе бидат збогатени со неколку дополнителни бенефиции за корисниците, се вели во соопштението на банката.

Сите правни лица кои ќе аплицираат за Visa Business Debit, Visa Business Revolving или Visa Corporate деловните картички во промотивниот период од 15.8. до 30.9.2015 година, ќе можат да ги користат сите бенефиции од овие платежни инструменти без да плаќаат членарина за првата година.

Ова ослободување ќе важи за правните лица кои прв пат ќе аплицираат за картичка, но и за оние кои веќе имаат картички, а ќе сакаат да аплицираат за дополнителни картички за своите вработени.

Покрај тоа, првите 100 правни лица кои во овој промотивен период ќе направат најмалку 10 трансакции и вкупен промет на продажни места од 60.000 денари, ќе добијат гифт-картичка за трговскиот центар Скопје Сити Мол во вредност од 3.000 денари.