Комерцијална банка нуди нови услуги преку Интернет банка и мБанка

20

komercijalna-banka

Комерцијална банка на своите корисници на Интернет банка им овозможи нова услуга – доставување налози за плаќања кон нерезиденти.

На корисниците, пак, на мобилната апликација за физички лица – мБанка им овозможи: пренос на средства на штеден влог (орочен или по видување); подесување за добивање нотификации за прилив и одлив од сметки и картички; поставување минимални износи за добивање нотификации и промена на дневните лимити за плаќање со картички, во согласност со потребите.

Банката ги зголеми дневните и месечните лимити за ПП30 налозите преку мобилната апликација на 250.000 и 300.000 денари соодветно.