Комерцијална банка нуди станбен кредит со намалена каматна стапка

29

komercijalna banka

Комерцијална банка од први овој месец ќе одобрува станбени кредити со годишна каматна стапка од 2,9% фиксна за првите три години и намалена каматна стапка од 5,9% годишна променлива за остатокот од периодот.

Намалената променлива каматна стапка од 6,85% на 5,9% годишна, ќе ги опфати и веќе одобрените станбени кредити кои се одобрени со каматна стапка од 2,9%.

Во промотивниот период до 31.12.2016 година, за сите новоодобрени станбени кредити со ЕУР клаузула, надоместокот за одобрување и администрирање на кредитот и трошокот за проценка ќе изнесува 0 денари. За одобрени станбени кредити наменети за рефинансирање на постоечки станбени кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на банката.

Од банката информираат дека до 31-ви декември продолжува промотивниот период во којшто Комерцијална банка ќе одобрува денарски станбен кредит со каматни стапки од 4,5% фиксна годишна за три години и 6,5% променлива годишна потоа. Без надоместок за одобрување и администрирање и без трошоци за проценка на сите новоодобрени денарски станбени кредити во промотивниот период до 31.12.2016 година. За одобрени станбени кредити наменети за рефинансирање на постоечки станбени кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплатува надоместок согласно актите на банката.

Без надоместок за одобрување и администрирање ќе бидат сите новоодобрени потрошувачки кредити со ЕУР клаузула во промотивниот период од први октомври до 31-ви декември оваа година. За одобрен потрошувачки кредит наменет за рефинансирање на постоечките потрошувачки кредити во банката, ќе се пресметува и наплатува надоместок согласно актите на банката.