Комерцијална банка отвора експозитура во населбата Илинден

169

komercijalna-banka-logo

Комерцијална банка отвора експозитура во населбата Илинден, во селото Марино, се вели во соопштението на банката.

Експозитурата Илинден се отвора по барање на жителите на општината, а физичките и правните лица од оваа општина ќе можат полесно и побрзо да аплицираат за потрошувачки кредити, дебитни и кредитни картички, да вршат плаќање кон странство, да си овозможат интернет банкарство, да реализираат ностро дознаки за физички и правни лица, трајни налози, денарски платен промет, да купуваат осигурителни полиси, удели во инвестициски фондови и многу други услуги кои ги нуди банката.

Со 60-годишно искуство во финансиското работење, со развиена деловна мрежа од 11 филијали, 39 експозитури во Скопје и 18 експозитури низ земјата, отворањето на експозитурата во Илинден претставува чекор поблизу до остварување на потребите на граѓаните, а наедно и на стратешките цели на банката.