Комерцијална банка отвора нова експозитура во Ѓорче Петров

46

komercijalna-banka-logo

Комерцијална банка отвора нова експозитура во населбата Новоселски пат, во општина Ѓорче Петров, стои во соопштението.

“Со 60-годишно искуство во финансиското работење, со развиена деловна мрежа од 11 филијали, 40 експозитури во Скопје и 18 низ земјата, отворањето на експозитурата Новоселски пат претставува уште еден чекор поблизу до остварување на потребите на граѓаните, а воедно и на стратешките цели на банката“, велат од банката.

Во новата експозитура, како што се наведува, клиентите ќе може да ги добијат производите и услугите на банката во период од осум до 15 часот од понеделник до петок.