Комерцијална банка по 13 пат наградена од ЕБОР

34

komercijalna-banka

Европската банка за обнова и развој по тринаесетти пат ја награди Комерцијална банка како најактивен учесник во EBRD TFP – Trade Facilitation Program – програма за унапредување на меѓународната трговија во глобални рамки. Наградата ќе биде свечено доделена на ЕБОР Бизнис форумот на 26-та годишна средба на Одборот на гувернери во Кипар на 09.05.2017 година.

Наградата се доделува еднаш годишно и се однесува на обемот и квалитетот на издадени акредитиви и гаранции со цел поддршка на надворешната трговија. Преку оваа програма вработените имаа можност да ги сертифицираат своите специфични знаења со полагање испити (седум модули) од областа на меѓународната трговија и пракса. Наедно, тимот од Секторот за односи со странство постигна одлични резултати, признанија и промоција во својата фела.

Оваа награда претставува уште еден поттик за вработените и потврда за комитентите дека Комерцијална банка АД Скопје и во меѓународни рамки останува една од најтранспарентните и најреномирани банки во Република Македонија.