Комерцијална банка: Продолжува промотивниот период за станбен кредит со ЕУР клаузула

84

komercijalna banka

Комерцијална банка го продолжува промотивниот период до 31.03.3016 година, во кој нуди поволен станбен кредит со ЕУР клаузула, се вели во соопштението на банката.

Условите за овој кредит се 2,9% годишна фиксна каматна стапка за првите три години и 6,85% годишна променлива за остатокот на период на отплата на кредитите.

Сите новоодобрени станбени кредити со ЕУР клаузула во промотивниот период до 31.03.2016 година ќе бидат без надомест за одобрување и администрирање и без трошоци за процена.

За одобрените станбени кредити наменети за рефинансирање на постоечките станбени кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на банката.