Комерцијална банка промовира нова кредитна картичка

261

komercijalna banka

Комерцијална банка ја претставува кредитната картичка MasterCard® Skopje City Mall, со којашто корисниците добиваат до 15% попуст при купување и бонус од 1% во трговскиот центар Skopje City Mall.

Попустите и бонусите се достапни во повеќе од 45 продажни места – Mango, Women’secret, Celio, Swarovski, Geox, Bata, Okaidi, Timberland, Gant, Просветно дело, Sport Vision, Office shoes, Neptun, Trend и многу други. Бројот на овие продажни места постојано се зголемува, а Вам Ви останува само да ги следите и да ги користите бенефициите како што Вам Ви одговара.

Бонусот во минимален износ од 1.000 денари се добива во вид на подарок – картичка која, исто така, може да се искористи во Skopje City Mall.

Додека за останатите кредитни картички каматната стапка се движи од 10,4 до 11,75% на годишно ниво, Комерцијална банка за оваа револвинг картичка овозможи каматна стапка од само 8,5% на годишно ниво. Ова е најниска каматна стапка за картичка којашто не е за одреден временски период, не е за постојни или за нови корисници, туку за сите иматели и во секое време.

Членарината за првата година од издавањето е бесплатна, со можност да се доделат дополнителни картички на најблиските, кои се исто така ослободени од членарина првата година и на кои самите можете да одредите лимити за користење.

MasterCard® Skopje City Mall ги нуди и сите останати придобивки кои ги носат кредитните картички на Комерцијална банка. Можете да се користи бескаматен период до 45 дена, безбедно да се плаќа на повеќе од 35 милиони продажни места во светот или да се подига готовина на повеќе од два милиони банкомати, да се плаќа на Интернет без никакви провизии и да се следат состојбите на сметките преку Интернет банка, мобилната апликација мБанка или SMS известувања. На сите корисници на картички им следува и 24-часовна поддршка, насекаде во светот.