Комерцијална банка со известување за летно работно време

160

komercijalna-banka-logo

Комерцијална банка АД Скопје известува дека во текот на летниот период, од 03.07 до 04.09.2017 година, експозитурите на Банката ќе имаат изменет режим на работно време. Во наведениот период, нема да работат следните експозитури во Скопје: Ѓорче Петров 2; Новоселски пат; Нова Македонија; ЈАТ; Стопанска комора; Чешма; МВР; Козле; Водњанска и Ново Лисиче.

Поголемите експозитури со Одговорен работник ќе работат со регуларно работно време до 18:00 часот, освен експозитурата Јане Сандански која ќе работи до 16:00 часот.

Останатите експозитури во Скопје ќе работат до 15:00 часот, стои на страната на Банката.

Повеќе информации за работното време и дисперзираноста на мрежата на експозитури и филијали на Банката, можете да добиете на следниот линк: http://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=1410&lang=1&uc=40&par=3.