Комерцијална банка уплати два милиони денари на солидарната жиро сметка на Црвениот крст на Македонија за помош на лицата од загрозените подрачја.
Банката организира и достава на 25.000 литри вода за пиење, а вработените на Банката во организирана акција за помош на настраданите во поплавите ќе поделат и пакети со конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција и други средства неопходни за ублажување на состојбата.
“Менаџментот и вработените на Комерцијална банка АД Скопје, сочувствуваат со блиските на сите починати во невремето кое погоди одделни подрачја на градот Скопје и изразуваат силно жалење за судбините на сите сограѓани кои ги изгубија своите животи и домови. Во овие моменти не постои збор кој може да ја ублажи тагата“, стои во соопштението на банката.