Комерцијална банка: Верверичка за сите деца родени на 31-ви октомври

16

komercijalna-banka-logo

Традиционалната акција Верверичка на Комерцијална банка АД Скопје, продолжува и оваа година.

По повод Светскиот ден на штедењето, 31-ви октомври, банката ќе им отвори штедни книшки – отворено детско штедење Верверичка со износ од 5.000 денари и исто толку штедни касички на сите деца кои ќе се родат на 31-ви октомври од 00:00 до 24:00 часот во Скопје и во други градови во Републиката во кои Банката има свои филијали и/или експозитури.

Средствата од горенаведениот став ќе бидат исплатени само на оние лица кои документите ќе ги достават најдоцна до 31.12.2016 година.