Комерцијална банка воведе 3D Secure технологија за безбедно плаќање на Интернет

57

3d-secure-komercijalna-banka

Комерцијална банка воведе дополнителна 3D Secure заштита на Интернет трансакциите со Mastercard и Visa картички.

3D Secure е највисок меѓународен стандард за заштита на интернет трансакции. Оваа технологија врши автоматска компјутерска анализа на секое интернет плаќање со цел да се осигури дека вистинскиот сопственик на картичката ја иницира трансакцијата.

Со таквата проверка се овозможува дополнителна заштита на клиентите и се спречува злоупотребата пред таа да се случи. Сервисот се користи при купување од кој било компјутер, таблет или мобилен телефон. Не се потребни лозинки, дополнителна опрема или специјален софтвер.

Отсега, сите постоечки и новоиздадени Mastercard и Visa картички од Комерцијална банка, кредитни и дебитни, ќе ја имаат овозможено 3D Secure технологијата на заштита, без дополнителен надомест.

3D Secure кај Mastercard картичките се применува под името Mastercard SecureCode®, додека кај Visa картичките под името Verified by Visa. Побарајте ги овие знаци на интернет сајтовите каде што купувате за да се осигурите дека се сертифицирани и ја поддржуваат 3D Secure технологијата.

Со воведувањето на 3D Secure технологијата Комерцијална банка овозможува дополнителна сигурност за своите клиенти и безгрижно користење на картичките на Интернет.