Комерцијална банка за шест месеци оствари добивка од 828,9 милиони денари

37

Комерцијална банка во периодот јануари – јуни оваа година евидентираше добивка од 828.954.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех.

Истиот период минатата година, добивката на банката беше 751.808.000 денари.

Нето приходите од камата, заклучно јуни оваа година, имаа салдо од 1.180.266.000 денари, додека во првите шест месеци од минатата година изнесуваа 1.206.752.000 денари.

Нето приходите од провизии и надоместоци, во првото полугодие од оваа година беа на ниво од 522.674.000 денари, додека на крајот на првото полугодие лани имаа вредност од 449.340.000 денари.

Неревидираниот (консолидиран) финансиски извештај на Банката за периодот 01.01-30.06 2021 година се состои од финансиските извештаи на Комерцијална банка АД Скопје, на подружницата КБ Публикум инвест АД Скопје – Друштво за управување со инвестициони фондови, претставени како финансиски извештаи на едно правно лице.

Фото: Pexels