Комерцијална банка: Зголемен износ и продолжен период за аплицирање за готовински кредит со ЕУР клаузула

18

komercijalna-banka-logo

Комерцијална банка го зголеми износот на готовинскиот кредит со ЕУР клаузула до 15.000 евра, со каматна стапка од 6% фиксна за првата година и 7,6% променлива за остаток од периодот, стои во соопштението.

За истиот може да аплицираат кредитоспособни физички лица со минимум 12.000 денари месечен приход на трансакциска сметка на банката. Во промотивниот период до 30.06.2018 година, сите новоодобрени готовински кредити со ЕУР клаузула, Банката ќе ги одобрува со 0% надомест за одобрување и администрирање.