Комисијата за заразни болести бара укинување на две ковид мерки

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ денеска на прес конференција истакна дека комисијата донела заклучоци и предложила две мерки до министерот за здравство Беким Сали.

“Првата се однесува на укинување на задолжителното поседување на негативен ПЦР тест или потврда за прележаност и вакцинација при излез од земјата. Втората е да се укине ослободувањето од работа за бремените жени. Препораката е бремените жени да се вакцинираат и така да го заштитат своето здравје. До сега мерката беше да се ослободат од работа, а препораките од светот е да се вакцинираните. Тоа е за унапредување на здравјето на бремените жени “, рече портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.