Компании ги зголемуваат платите за да привлечат и да задржат работници

51

Американскиот пазар на труд во мај доживеа големо заздравување, со 559.000 позиции вратени во економијата. Тоа е второ значително промашување во очекувањата на аналитичарите, по големото разочарување во април. Економистите предвидуваа 650.000 нови работни места во мај.

Стапката на невработеност падна на 5,8 %, според Заводот за статистика на трудот. Ова е најниска стапка на невработеност од март 2020 година, кога изнесуваше 4,4 %. Сепак, Америка, сè уште има 7,6 милиони работни места помалку во однос на февруари 2020 година.

Стапката на учество на работната сила во мај изнесуваше 61,6 %, што покажува дека стапката на невработеност опаднала. Тоа е големо подобрување во однос на ревидираните 278.000 работни места додадени во април.

Најголем број работни места се случија во индустријата за разонода и угостителство со вратени 292.000 работни места, главно во ресторани и барови. Како што работите се враќаат во нормала, секторот на здравство и образование исто така отворија нови работни места. Во градежништвото и во малопродажбата пак се намалени.

Иако, милиони луѓе остануваат невработени или мораа да го напуштат своето работно место, претпријатијата се жалат на недостиг на работници. Компаниите ги зголемуваат платите за да ги привлечат и да ги задржат работниците. Во меѓувреме, разни држави најавија дека ќе ја укинат проширената надокнада за невработени од времето на пандемијата пред службеното истекување во септември. Дали тоа ќе поттикне скок на бројот кандидати за работа, останува да се види.

Критичарите на зголемената помош за невработени велат дека зголемените исплати ги држеа луѓето дома, но пандемијата сè уште не е готова и работниците и понатаму балансираат меѓу ризикот по здравјето и изложеноста, како и грижата за децата, со враќањето на работа.

Големи се надежите дека полно враќање во регуларно школување во септември ќе им овозможи на оние кои остануваат дома, за да ги чуваат децата, да се вратат на пазарот на труд.