Компании од Македонија, Албанија и Косово остварија бизнис средби за потенцијална соработка

24

reg

Во Тирана, Албанија, на 11 јуни во хотел Тирана Интернационал се одржа Б2Б средба на компании од Албанија, Македонија и Косово. Фокусот на настанот беше на женското претприемништво, но беа поканети сите претприемачи кои се заинтересирани да соработуваат со фирми од овие три земји. Настанот беше во организација на ЦЕЕД Македонија и ЦЕЕД Албанија, во рамките на нивната соработка со Проектот на УСАИД за Регионален Економски Раст (РЕГ), а се приклучи и Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија.

Во првиот дел од настанот, своите активности во областа на женското претприемништво ги презентираа претставници од The South East European Centre for Entrepreneurial Learning (SEECEL) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР),  како и од Албанската агенција за инвестиции.

Во Б2Б делот, свои искуства разменија претставници од преку 60 фирми, а присутни беа и околу 15 гости од релевантни меѓународни организации со седиште во Албанија и Македонија.

Два дена претходно, во Мароко се одржа Б2Б на ИТ фирми од Балканот со фирми од Мароко, во организација на ЦЕЕД Македонија и ЦЕЕД Мароко, во соработка со Проектот на УСАИД за Регионален Економски Раст (РЕГ). Целта на настанот беше директно запознавање на фирмите и организациите, да оценат какви се можностите за соработка, кои се јаките и слабите страни на пазарите. Од регионот присуствуваат фирми и организации од Србија и БиХ.