Компании од Македонија, Косово и Албанија присуствуваа на CEED B2B регионална средба во Приштина

59

ceed kosovoВо хотелот Емералд, во Приштина, Косово, вчера се одржа CEED B2B регионална средба помеѓу компании од Македонија, Косово и Албанија. На регионалната средба учествуваа околу 100 компании од трите земји. Свое обраќање на средбата имаше претставник од Амбасадата на Република Македонија во Приштина, г-дин Самир Ганија, кој на претставниците на македонските компании им одговараше за се што ги интересираше околу бизнис климата на Косово.

B2B (business to business) средбите се одлична можност за компаниите од мрежата на CEED да остварат директни контакти со купувачи или продавачи и да договорат понатамошни соработки за развој или пласман на своите производи или услуги на други пазари.

CEED Македонија е дел од меѓународна мрежа на претприемачки центри кои освен во Македонија, функционираат и во Србија, Бугарија, Косово, Албанија, Словенија, Романија, Црна Гора, Полска, Босна и Херцеговина, Ерменија, Молдавија, Бангладеш, Тунис, Мароко, САД. До сега, на глобално ниво во програмите на CEED учествувале 21.000 претприемачи и бизнис поддржувачи. CEED има инвестирано седум милиони долари за претприемачите во мрежата, има 500 активни членови и 1.100 остварени менторски средби во целиот свет.