Четири компании од Хрватска смислија производ што го спречува влезот на Ковид-19 на влез во институции и компании. За само неколку секунди овој уред мери телесна температура, дезинфицира и предупредува за носење маски, пишува ХРТ.
“Уредот е прилично функционален, го решава сето она на што мора да внимаваме кога се работи за епидемиолошките мерки во училиштата. Мери температура, дезинфицира раце и облека и контролира правилно носење на маски“, вели Весна Врбјановиќ Јанчиќ, директорка на училиште.
Со овој уред се завршуваат сите важни операции за само неколку секунди, така што на влезот на институцијата не се создава гужва.
Во иднина истиот уред ќе може да го евидентира и влезот и излезот на вработените, така што ќе има своја примена и по завршување на пандемијата.
Компаниите што стојат зад овој изум веќе добиваат порачки од европски компании, па се очекува и извоз на овој продукт.
Фото: Freepik