Компании заработија милијарди од тестови за корона

46

Вакцините и лековите привлекуваат големо внимание во “научната трка“ за борба против Ковид-19. Но, компаниите работеа подеднакво за да ја задоволат и огромната побарувачка за тестирање и тие инвестиции почнуваат да се исплаќаат, пишува Bloomberg.

Abbott Laboratories Inc и ThermoFisher Scientific Inc., два главни играчи во производството на тестови за коронавирус, објавија резултати од третиот квартал пред неколку дена.

Abbott Laboratories Inc има приход од 881 милиони долари приходи од тестови за корона, ThermoFisher Scientific Inc. заработи две милијарди, во однос на 1,3 милијарди долари од второто тромесечие 2020 година.

Abbott Laboratories Inc. верува дека ќе оствари уште подобар резултат во последниот квартал односно заработка од 1,3 до 1,4 милијарди долари.

Компаниите исто така наведуваат дека ќе има голема побарувачка за тестови и во 2021 година.

Фото: Pixabay