Компаниите бараат нови 15 милиони евра од кредитна линија од ЕИБ

43

Македонските компании очекуваат поддршка за 43 нови проекти, од кредитната линија од 100 милиони евра на Европската инвестициска банка.
Барањата се во тек на одобрување, а износот кој компаниите го бараат е 15 милиони евра.

Досега од вкупната сума се повлечени 22,3 милиони евра со кои се поддржани 101 проект.
Фирмите ќе ги добиваат паричните средства по камата од 5,5%, со рок на отплата од осум години и грејс период од две години, кога станува збор за инвестиција, и три години рок на отплата за обртни средства.

Финансиските средства се пласираат преку Македонската банка за поддршка на развојот, додека фирмите поднесуваат барања кај девет деловни банки: Стопанска банка Скопје, НЛБ Тутунска банка, Комерцијална банка, Охридска банка, Шпаркасе банка, Стопанска банка Битола, Прокредит банка, ТТК банка и Халк банк.

Според пресметките на Министерството за финансии преку овие проекти треба да се овозможи отворање на 480 нови работни места. Средствата од оваа кредитна линија се достапни за компаниите од јули годинава.