Компанија која исплати дивиденда од 98 милијарди долари

Саудиската нафтена компанија Aramco подели дивиденда од неверојатни 97,8 милијарди долари на акционерите на име на профит во 2023 година.

Ова е зголемување од 30 отсто во однос на претходната година, иако деловните резултати бележат голем пад.

Арамко, која е во 82 отсто во сопственост на Саудиска Арабија, ќе ја зголеми дивидендата за 30 отсто, иако добивката минатата година падна за 25 отсто.

Оваа компанија лани остварила добивка од 121,3 милијарди долари. Една година претходно забележа најголема добивка досега направена од нафтена компанија – 161 милијарда долари поради скокот на цената на нафтата поради рускиот напад на Украина.

Цената на суровата нафта падна од околу 120 долари во 2022 година на околу 67 долари минатата година и сега е околу 82 долари.

Енергетскиот институт ИЕЕФА процени дека петте големи нафтени компании БП, Шел, Ексон, Шеврон, Ексон Мобил и Тотал годинава ќе исплатат дивиденди повисоки од минатогодишните 104 милијарди долари.