Компанија на милијардерот Карлос Слим ќе развива електрично такси

54

meksiko

Фото: Pixabay

Автомобилската компанија Giant Motors, којашто е во делумна сопственост (50%) на мексиканскиот милијардер Карлос Слим, развива прототип на електрично такси што би требало да го намали загадувањето на воздухот во Мексико Сити, пишува Reuters.

Во партнерство со производителот на автомобили Moldex и четири мексикански универзитети, Giant Motors планира да произведе возила што би замениле 130.000 регистрирани такси возила.

“Развивме прототип и се надеваме дека ќе го завршиме оваа година за да пронајдеме оддржливо решение, електрично возило што ќе ги замени возилата на бензин“, вели извршниот директор на Giant Motors, Елиас Масри.

Изминатите години Giant Motors и Moldex развија и продадоа 500 лесни електрични камиони што може да пренесуваат товар до еден тон, а ова искуство ги поттикнало да размислуваат сличен проект со такси возила.