Kомпанија нуди неограничен одмор на вработените – еве како ќе функционира!

Холандскиот телекомуникациски гигант KPN стана првата голема компанија во земјата која на своите вработени им нуди неограничени денови за одмор!

Оваа одлука, сега дел од колективниот договор, веќе предизвикува лавина реакции.

„На нашите вработени им е дозволено сами да одлучат како ќе го користат одморот“, вели Барт Веберс од KPN, додавајќи дека компанијата сака да им даде поголема слобода и подобар баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Сепак, тоа не значи дека вработените едноставно можат да престанат да доаѓаат на работа. Ќе треба да се одобри одмор, а слободните денови се земаат во договор со претпоставените.

Не се сите воодушевени… Претставниците на синдикатот не беа премногу задоволни од оваа промена. Тие веруваат дека нема сите вработени подеднакво да имаат корист од оваа практика, бидејќи притисокот од колегите и распоредот на смени може да влијаат на нивната слобода да користат одмор.

Трендот на флексибилна работа Според здружението на работодавачи AWVN, сè повеќе мали и средни компании во Холандија се префрлаат на модел на неограничен одмор. Вработените сакаат помалку правила и поголема флексибилност, а работодавците истакнуваат дека оваа практика ја зголемува продуктивноста и задоволството на работниците.