RIF, компанија од Холандија, собира пластичен отпад од реките и истиот го претвора во паркови и разни производи. Litter Traps, коишто се самите изработени од рециклирана пластика, ја прочистуваат водата, собираат пластика и ја спречуваат да “оди“ по речниот тек.
Собраниот пластичен отпад потоа се претвора во елементи за седење, градежен материјал, па и други Litter Traps. Системот не користи никаков извор на енергија, а штом ќе биде полн, се празни и отпадот се сортира.
Првите вакви системи се функционираат во Белгија и Индонезија, а организацијата подготвува слични проект за Виетнам, Франција, Филипини и Бразил.
Фото: Facebook