Компанија во БиХ им овозможува на клиентите да плаќаат со биткоин

84

Телевизори, лаптопи, уреди за домаќинство и технолошки уреди во Босна и Херцеговина може да се купат со биткоин или некоја друга крипто валута.

Освен плаќање во готовина или картичката, првата компанија во БиХ која им дозволува на клиентите да платат сметка со биткоин е во Сански Мост.

Компанијата за технологија No Limit преку својата веб продавница овозможи и на овој начин да се купуваат производи како што се телевизори, лаптопи и телефони.

Фото: Pixabay