Компанијата Аелиус понуди 16 милиони евра и отплата на долгот за купување Галеника

103

galenika-logo-golemo

Компанијата Аелиус С.А.Р.Л. Луксембург понуди 16 милиони евра за купување на 93,7% од вкупниот капитал на фармацевтската компанија Галеника, стои во финансиската понуда на овој понудувач, што вчера беше отворена во просториите на Министерството за економија на Србија.

Комисијата, како што се наведува во официјалното соопштение, констатира дека понудата е поднесена во склад со јавниот повик и ги исполнува сите пропишани услови, по што е донесена Одлука со којашто му се предлага на Министерството за економија Аелиус да го прогласи за купувач на капиталот.

Оваа компанија, инаку е поврзано лице со ЕМС С/А Бразил, што беше единствен учесник што ги исполни сите услови за учество во процесот на приватизација на Галеника.

Купувачот ќе има обврска, покрај износот од 16 милиони евра на име купопродажна цена, да уплати и износ од 25 милиони евра за подмирување на обврските кон банките, како и износ од дополнителни 200 евра по година стаж за вработените кои ја одбраа доброволната социјална програма. Исто така, купувачот ќе има обврска во следните две години да вложи 5,525 милиони евра задолжителни инвестиции во Галеника, како и бројот на вработени на неодредено време да не го намали под 900.

Инаку, Галеника е фармацевтска компанија основана во 1945 година во белградската општина Земун.