Компанијата Аутомотив Груп со брендот Renault – официјален превозник на Wizz Air Skopje Marathon 2020

72

Компанијата Аутомотив Груп е верен поддржувач на спортот и спортските активности како и пријател на најзначајните настани кои се одржуваат во нашата држава.

Официјалниот импортер на брендот Renault гордо го претставува најпродаваниот модел во својата класа во Франција и Европа – Renault Captur како официјално возило на Wizz Air Skopje Marathon 2020.

Новиот модел на Renault со сите свои карактеристики на спортски теренец, атлетски профил и софистициран ентериер совршено прилега на овој настан.

  • Повеќе од 90 комбинации на надворешен изглед;
  • 18 конфигурации на ентериер;
  • Најнова технологија за подобрување на возачкото доживување;
  • Без компромис во загрозување на безбедноста– со освоени пет ѕвезди според тестовите на EURO NCAP

Captur е сè што ви треба.

Како пријател на овогодинешниот маратон и со надеж за долгогодишна идна соработка им посакуваме успешна трка на сите учесници со целосно почитување на мерките за заштита и правилата на протоколот посочена од страна на организаторот.