Компанијата Bransys со признание од најголемиот бизнис натпревар во Европа

32

bransys_national_champion_macedonia_europe_business_awards_2016_2017

Компанијата Bransys e национален шампион од Македонија на Европските бизнис награди 2016/2017, спонзориран од RSM, стои во соопштението.

Најголемиот бизнис натпревар во Европа по 10-ти пат ги истакнува бизнис вештините и најдобрите практики во Европската бизнис заедницата. На EBA оваа година учествуваа повеќе од 33.000 бизниси од 34 земји – членки на ЕУ плус Турција, Норвешка, Швајцарија, Србија и Македонија.

Компанијата Bransys е избрана во првата фаза на судење од страна на независна комисија, а сега ќе продолжат и во втората фаза, која вклучува видео презентација и јавно гласање.

“Bransys е единствената софтверска компанија за специјализиран fleet management – менаџирање и следење на флота возила која ја доби оваа награда National Champion 2016/2017, што воедно го потврдува квалитетот и доследноста на решението, издвојувајќи се од останатите решенија за следење и менаџирање на возен парк, за различни индустрии и различни видови на возила. Оваа ИТ компанија развива, одржува и продава компјутерски софтвер и услуги уште од 2008 година. До 2014 година автомобилските софтверски решенија беа застапени на македонскиот и околните пазари, по што Bransys се ориентираше и кон надворешни пазари надградувајќи се на повисоко меѓународно ниво, задоволувајќи ги барањата на светски клиенти, како што се Кока Кола Хеленик групација во Македонија, Србија, Црна Гора и Косово и други“, стои во соопштението.

Квалитетот на решенијата беше потврден и со потпишувањето на ексклузивно партнерство со Mobileye. Во овој период, поради зголемениот обем на работа, се отворија сестринска компании во Белград, Србија и Чикаго, САД, сè со цел да се обезбеди подобра и побрза поддршка за корисниците. Преку развивањето на целосно хардверско и софтверско решение за GPS следење и управување со флота на возила, се изгради целосен систем отворен за адаптација спрема потребите на клиентите.

“Ние сме многу горди што сме избрани да ја претставуваме Македонија како национален шампион. Европските бизнис награди се јавно признати како пример за најдобрите и најдинамичните бизниси во Европа и горди сме што сме признати на ова ниво издвојувајќи се од останатите. Признанија како оваа награда секогаш имаат позитивно влијание врз нашиот тим и ни даваат енергија и поттик да продолжиме со квалитетната работа”, изјави Бранко Трајковски, основач на Bransys групацијата.

Адријан Трип, извршен директор на Европските бизнис награди изјави: “Честитки за Bransys кои се избрани да ја претставуваат својата земја како национални шампиони. Тие се основа за успешна на цврста Европска бизнис заедница, и ги докажаа основните принципи што EBA ги бара од апликантите, иновација, етика и успех.”

Во следниот круг националните шампиони ќе се натпреваруваат со видео презентација, раскажувајќи ја нивната уникатна приказна и нивните успеси. Најдобрите во овој круг ќе се борат за наградата Ruban d’Honneur, кои ќе бидат прогласени на Гала финалето во 2017 година. Исто така, со јавно гласање на видеата на националните победници, ќе биде избран и Национален јавен победник.