Компанијата IBM претстави нов и моќен европски квантен компјутер што го носи името Q System One.
Овој квантен компјутер е сместен во Енинген, околу 20 километри југозападно од Штудгард, а со него ќе управува германски научен институт, којшто е негов купувач.
Станува збор за водечка европска научна организација што е ориентирана на апликации со повеќе од 80 научни објекти, вклучувајќи и 75 институции во цела Германија и има ексклузивен пристап до квантниот систем на IBM со којшто од јануари оваа година ќе управува американскиот гигант и во Германија.
Целта на новиот квантен компјутер е да овозможи квантен хардверски пристап на илјадници научници во Германија и низ Европа.
Фото: Pixabay