Компанијата им забрани да зборуваат за политика и третина поднесоа оставка

75

Помалку од една недела откако го воведе правилото дека на работа не се зборува за политика, технолошката компанија Basecamp остана без третина од своите вработени. Заминаа и оние кои се на водечки позиции.

Во блогот, кој во меѓувреме стана контроверзен, ко-основачот и извршен директор Џејсон Фрајд најави забрана за социјални и политички дебати на интерните системи за размена на пораки.

“Стана премногу. Доста е вознемирувачко. Ја троши нашата енергија и го пренасочува дијалогот кон темни теми. Не е здраво и не е корисно за нас “.

Потегот е сличен на оној што го направија конгломератите Google и Аmazon.

Сепак, во Basecamp, забраната не наиде на воодушевување и наводно една третина од вработените очекуваат отпремнина по договореното прекинување на работниот однос. Меѓу оние што заминаа беа шефот на маркетинг и шефот на поддршка на клиенти. Промената во политиката на компанијата, како што се наведува, е резултат на напорите на Basecamp да промовира разновидност и инклузивност.

Фото: Pixabay