Компанијата MARS тврди дека на македонскиот пазар нема од спорните производи

42

10987437_10153066365689462_1312247327545230402_n

Компанијата МАРС поради безбедносни причини ги повлекува од промет производите кои се произведени во фабриката во Холандија (Veghel) поради сомневање од појава на пластика во МАРС производите.

Компанијата МАРС најавува дека на ниво на ЕУ ги повлекува од пазарот производите [SNICKERS®, MARS® MILKY WAY® и CELEBRATIONS®] по пронаоѓање парче пластика во еден од производите.

Повлекувањето на чоколадите се однесува само на производите кои се произведени во фабриката во Холандија. Ова е изолиран случај кој се однесува само на горенаведените производи кои се произведени во фабриката во Холандија. Ниеден друг тип на чоколади, друго пакување, големина на чоколадите, серија на производство, рок на употреба или производ кој е произведен на други локации не се засегнати со овој случај.

“Во согласност со нашиот интерен механизам за следивост, можеме да потврдиме дека MARS South Central Europe нема пласирано на македонскиот пазар ниеден од горенаведените производи”, стои во соопштението.