Компанијата Мета казнета со рекордни 1,2 милијарди евра во Европа

49

Мета е казнета со рекордни 1,2 милијарди евра и ѝ е наредено да престане да пренесува податоци собрани од корисниците на Фејсбук во Европа и во САД, според пресудата против социјалната мрежа поради кршење на Општата регулатива за заштита на податоците на Европската унија (ГДПР).

Ирската комисија за заштита на податоците објави дека компанијата не ја исполнила пресудата од 2020 година на највисокиот суд на ЕУ дека податоците испратени преку Атлантикот се недоволно заштитени од американските шпионски агенции.

Пресудата објавена денеска се однесува само на Фејсбук, а не и на Инстаграм и Вацап, кои исто така ги поседува „Мета“. Оттаму најавија дека ќе се жалат на одлуката, а нема да има прекин на услугите на Фејсбук во Европската унија, пренесува „Њујорк тајмс“.

Оваа пресуда има грејс период од најмалку пет месеци за да може „Мета“ да се подготви и да почне да ја почитува одлуката.