Компанијата на Мате Римац за 48 часа собра скоро милион евра

32

Компанијата на хрватскиот претприемач Мате Римац, Greyp Bikes, за 48 часа собра скоро милион евра од заинтересирани инвеститори преку јавна понуда на дигитални токени, што се лансирани во понеделникот, пишува Novac.hr.

Проектниот менаџер на Greyp Bikes, Филип Нендл, изјавил дека очекувале добри резултати, но не се надевале дека во првите 48 часа од почетокот на кампањата, што е новитет во Хрватска, па и во светот, ќе имаат 2.000 инвеститори од кои половина се од Хрватска.

Големиот интерес е поради новиот инвестиционен модел, таканаречен crowdinvesting.

Фото: Facebook