
Модната и козметичката компанија на британската дизајнерка Викторија Бекам ја оствари својата прва оперативна добивка откако е основана во 2008 година, објави компанијата.
Викторија Бекам Холдингс Лтд, која поранешната членка на групацијата „Спајс Грлс“ ја води како креативен директор, оствари оперативна добивка од 7,3 милиони фунти во 2025 година (8,52 милиони евра), по години работење со загуба.
„Сите работевме долго и напорно за да стигнеме до овој момент на профитабилност и раст“, изјави Бекам за „Фајненшл тајмс“.












